Една госпоѓа стана главна тема, бидејќи видеото во кое дозна за прељубата на нејзиниот сопруг ги преплави социјалните мрежи.
Ситуацијата се случила во мексиканскиот град Сиудад Викторија, пред Универзитетот Мигел Алеман.
Странските медиуми јавуваат дека мажот бил фатен со ученичка која е помлада од него дваесет години. На видеото се гледа како жената бара од сопругот да излезе од автомобилот, но тој не сакал да го стори тоа.
Решила да му застане на патот, но сепак не успеала во намерата. Целата ситуација ескалирала кога девојка фрлила камен по неа.
Жената почнала да удира со камен по шофершајбната и да го гребе автомобилот, за по неколку секунди да се откаже и да го напушти местото на инцидентот.
Мексиканските медиуми открија дека мажот бил во врска со средношколка, а оваа информација и ја пренеле на сопругата други ученици.