Државниот пазарен инспекторат во периодот од 16.01 до 22.01.2023 година година има извршено вкупно 709 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.
Во наведениот период од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 122 решенија, од кои:
• 6 решенија по Закон за трговија
• 7 решенија по Закон за угостителска дејност
• 103 решенија по Закон за финансиска дисциплина
• 2 решенија по Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност
• 3 решениja по Закон за заштита на потрошувачи
• 1 решение по Закон за Државен пазарен инспекторат
Дополнително во овој временски период издадени се вкупно 105 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 3.571.265 денари, од кои:
• 9 прекршочни платни налози по Закон за трговија
• 21прекршочни платни налози по Закон за угостителска дејност
• 20 прекршочни платни налози по Закон за заштита од пушењето
• 2 прекршочни платни налози по Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрира на дејност
• 3 прекршочн иплатни налози по Закон за Државен пазарен инспекторат
• 48 прекршочни платни налози по Закон за финансиска дисциплина
• 2 прекршочни решенија по Закон за заштита на потрошувачи
Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата. Секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо се санкционира согласно Законот за трговија.
Во горенаведениот период на територија на Република Северна Македонија се извршени 68 инспекциски надзори по Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата, при што не се констатирани прекршувања и непочитување на Одлуката.