9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да не нè меша во своите погрешни одлуки

Одлучно и во целост ги демантираме градоначалничката Данела Арсовска и нејзините лажни тврдења дека разрешениот директор на МКЦ, Ванчо Богоев, е член на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата по прес-конференцијата на градоначалничката.

Тоа што посочениот директор не е член на партија не значи дека лошо си ја врши работата и тоа треба да биде причина за чие било разрешување, смета ВМРО-ДПМНЕ.

„Кратењето средства за МКЦ од Арсовска и владејачката коалиција во Град Скопје – криминогениот СДС, фолирантите од Левицата, уценетата ГРОМ и нивните газди ДУИ – не е симболично, туку драматично, од 40 милиони на само 2 милиона денари.

Тоа што МКЦ имал зголемени приливи од сопствени средства и избори е само доказ дека менаџментот добро работел и не може да биде причина за казнување и намалување на парите за работа.

Затоа, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе поднесе предлог за зголемување на средствата и буџетот на МКЦ и другите институции од областа на културата под Град Скопје.

Тоа што Арсовска правда дека поставила детектив за директор на МКЦ и не било проблем со образованието, дали тоа значи дека Арсовска со правен факултет може да работи и како доктор хирург?

Честото менување на директорите на институциите на Град Скопје не зборува само за нестабилниот, конфликтен и несигурен карактер на градоначалничката, туку внесува несигурност во функционирањето на институциите, неиницијативност и парализираност, што доведува до распад на системот, кој е дизајниран за нормално функционирање на градот.

Арсовска нека смогне сили да не ја меша ВМРО-ДПМНЕ во своите погрешни одлуки. Нема ден да нема скандал и нема ден Арсовска да не е во конфликт самата со себе“, велат од партијата.

Спонзорирано: