Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Османи: Вистината на ЕУ треба да и ја кажеме – овде нема државна политика на дискриминација кон Бугарите

„Во Северна Македонија нема државна политика на дискриминација и оваа вистина треба да биде поддржана од сите, медиуми, јавност…“. Шефот на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање за писмата кои Република Бугарија ги испраќа до ЕУ и меѓународните организации, повика на единство во однос на аргументите дека во нашата држава нема државна политика за дискриминација на Бугарите.

„Наша задача е Бугарија да не успее да ја убеди Европската Унија, по однос на своите погледи, односно ние да ги покажеме нашите аргументи по однос на тоа што се случува овде. Моето одење во Софија е токму тоа. Европската Унија го регистрираше тоа“, порача Османи.

Тој додаде дека државна политика на дискриминација нема, но мора да бидеме внимателни, бидејќи ако правиме грешки, си правиме штета на основната цел, а тоа е: Кој ќе ја убеди ЕУ за вистината, за тоа што се случува овде?!

„Би барал повеќе поддршка и од медиумите и од јавноста. Ова не е прашање коешто се решава со емотивни изблици и со реакции, туку со ладнокрвна политика во којашто јасно имате дефинирано цел и тоа го правите независно што ви кажуваат луѓето, како ве обесхрабруваат и критикуваат“, подвлече Османи.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК