11. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Митрески: Пред нас е период во кој пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да размислуваат за иднината на државата

Алијанса за Албанците и Беса веќе се изјаснија дека се „за“ уставните измени за да продолжи евроинтегративниот пат на земјава и ова гласање не можам да го поврзам со најавеното учество во Владата, кажа координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во гостувањето во ТВ21. Тој кажа дека уставните измени зависат од опозициските партии, ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

-Пред нас е период, во кој пред се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да размислат во кој правец ќе ги носат одлуките и во кој правец ќе оди државата. Повикот на Џафери беше за старт на процедурата за промена на Уставот во јуни-јули и тоа се месеците до кои треба да зборуваме, односно дотогаш треба да разговараме за да видиме која е нашата иднина, рече Митрески.

Тој очекува уставните измени да бидат изгласани, бидејќи, како што додаде, нема никаква опасност од внесувањето на Бугарите и други заедници во Уставот. Митрески нагласи дека претходно од функционери на партијата чул како даваат поддршка за промената на Уставот.

-Се надевам и верувам дека во ВМРО-ДПМНЕ има чесни политичари што си ја сакаат државата и сакаат таа да оди напред, заклучи Митрески.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес ја стресе Македонија: Позната јачината и епицентарот

ДЕСК

Мицкоски: Во првите 6 месеци извозот расте повеќе од увозот- очекувам и натаму да се намалува трговскиот дефицит

ДЕСК

Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба- Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби

ДЕСК