Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Со ‘Отворен Балкан’ го задржуваме фокусот на стабилноста во регионот

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за српскиот весник ‘Политика’, прашан за војната во Украина и дали малите земји можат да ја искористат кризата, одговори дека решението на секое отворено прашање мора да биде исклучиво преку дијалог.
-Несфатливо е во 21 век да се користи оружје, да се убиваат невини луѓе и да се доведува во прашање светскиот мир. Особено е неприфатливо географски поголема земја да употребува сила против помала демократски определена земја, обидувајќи се да ја загрози нејзината независност и територијален интегритет, кажа Ковачевски.

Според него, ова е исклучително опасен преседан кој мора да се отстрани за да се спречат и ризиците тоа да стане практика, бидејќи тогаш би бил загрозен светскиот мир.

– Дипломатијата и моливите се средства за комуникација денес и така можеме и мораме да излеземе од овој вител. Барем ние од Балканот тоа најдобро го знаеме. Република Северна Македонија, Србија и Албанија во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ ја подобруваат регионалната соработка, а со тоа ја зајакнуваат меѓусебната доверба. „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес се регионални иницијативи кои зближуваат и охрабруваат да задржиме фокус на одржување на стабилноста и безбедноста на регионот, како и на заедничката стратешка цел – европската интеграција, истакна Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК