13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски за „Политика“: Во 21 век нема место за популисти, граѓаните препознаваат кој работи за иднината, а кој за себе

„Северна Македонија има прилика да стане полноправна членка на европското семејство. Граѓаните препознаваат кој работи за иднината на сите, а кој има намера да профитира за себе. Во 21 век нема место за популисти, граѓаните бираат храбро и мудро лидерство кое ги носи напред“ рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за српска „Политика“.

Во интервјуто тој истакнува дека на последните парламентарни избори граѓаните дадоа мандат и поддршка на проевропските партии и поради тоа верува дека во земјава ќе се постигне потребното мнозинство за уставните измени и продолжување на европскиот пат.

„Верувам дека во нашата држава е можно да се постигне европско парламентарно мнозинство кое ќе ја обезбеди европската иднина на Северна Македонија, бидејќи тоа е стратешки цел поставен од независноста на државата, а шансите за членство во ЕУ никогаш не биле поголеми и пореални“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека одговорните политичари, лидери и пратениците го препознаваат тоа и ќе донесат разумни одлуки.

Спонзорирано: