Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски за „Политика“: Пандемијата и кризите ги потврдија традиционално добрите односи меѓу Северна Македонија и Србија

„Во тешките моменти до израз доаѓаат вистинските пријателства. Пандемијата и оваа светска економско-енергетска криза само ги потврдија традиционално добрите пријателски односи меѓу Северна Македонија и Србија“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за српска „Политика“.

Тој додаде дека меѓусебното почитување создава основа за понатамошен развој на нашите добрососедски односи.

„Заедно ги решаваме сите предизвици кои ни ги наметна светската криза од војната во Украина. Со српскиот претседател Вучиќ и со албанскиот премиер Рама сме во редовни, понекогаш и секојдневни контакти со цел менаџирање на потребите на нашите граѓани“ рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека ова пријателство ќе послужи за инспирација за градење на добрососедски односи и дека ваквата соработка во актуелниот контекст е светла точка за регионот, за Европа и за светот.

Можеби ќе ве интересира

Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот, вели Стоојаноски

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК