Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ТРИ СЕМЕЈНИ ДРАМИ ВО ЕДЕН ДЕН – Нападнати сопруга, 70-годишна баба и поранешен партнер, три лица уапсени

Три лица биле лишени од слобода на 10 ноември 2026 година во Струмица, Радовиш и Гевгелија, по одделни пријави за физичко насилство врз членови на семејството и поранешен партнер, информираат од полицијата.

Во првиот случај, во 13:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 27-годишен жител на струмичко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал својата сопруга.

Вториот случај бил регистриран во Радовиш, каде што во 19:05 часот полициски службеници од ОВР Радовиш лишиле од слобода 19-годишен жител на градот. Тој бил пријавен дека физички ја нападнал својата 70-годишна баба.

Третиот случај се случил во Гевгелија, каде што во 01:10 часот полициски службеници од ОВР Гевгелија лишиле од слобода 33-годишна жена од гевгелиско, постапувајќи по пријава дека физички го нападнала својот поранешен партнер.

За сите три случаи полицијата најавува дека по целосното документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Баталјонот за почести го одбележа 11 Ноември – Денот на единицата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка

ДЕСК

НОЌНО АПСЕЊЕ ВО ТЕТОВО – Кај 23-годишен маж пронајдена бела прашкаста материја

ДЕСК