Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СО МОТОЦИКЛ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Полицијата уапси 37-годишен маж во Гевгелија

На 10.11.2026 во 15:35 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија лишиле од слобода 37-годишен жител на селото Стојаково, општина Богданци.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мотоцикл со беровски регистарски ознаки, кој го управувал 37-годишниот маж. По преземените мерки било констатирано дека го управувал мотоциклот без да поседува возачка дозвола.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ СЕМЕЈНИ ДРАМИ ВО ЕДЕН ДЕН – Нападнати сопруга, 70-годишна баба и поранешен партнер, три лица уапсени

ДЕСК

Баталјонот за почести го одбележа 11 Ноември – Денот на единицата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка

ДЕСК