14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бугарите го повлекоа амбасадорот од Скопје

Бугарскиот амбасадор во Република Македонија, Ангел Ангелов ќе остане надвор од државата додека Софија не види знаци на промена. Цинично е да се разговара за проекти со РСМ додека Христијан Пендиков лежи во болница. Ова го изјави министерот за надворешни работи Николај Милков, пренесува БГНЕС.

Инаку, министерот Милков претходно денеска беше сослушан на седница на Комисијата за надворешна политика. Претседателката на Комисијата, Екатерина Захариева, на расправата го покани и амбасадорот Ангел Ангелов, од кого народните избраници од прва рака можеа да дознаат за состојбите во РСМ и односот кон тамошните граѓани со бугарска самосвест. Рочиштето се одвива во позадина на бруталното претепување на Христијан Пендиков.

„Доколку РСМ продолжи вака да се однесува, можно е повторно да ставиме вето. Цинизам е да се разговара за проекти за еко-патеки со РСМ додека Пендиков е во болница“, рече Милков.

Ако РСМ сака да продолжи по европскиот пат, мора да ги исполни своите обврски, Бугарија мора само да ја следи оваа реализација, нагласи тој. Милков појасни дека биле отворени за дијалог доколку во РСМ се разговара за проекти за заштита на Бугарите.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.