На 27.10.2026 во 21:50 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода 36-годишен жител на Штип.
При преглед и контрола во патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.


