СВР Куманово поднесе кривична пријава против 35-годишна жителка на Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 09.08.2026 во кумановско, пријавената физички нападнала полициски службеник додека извршувал службени дејствија.


