26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Тупанчевски: Недостигот на судии и обвинители може да се реши и со внатрешна реорганизација

Сериозен проблем се недостигот на судиите и обвинители, истакна министерот за правда Никола Тупанчевски во гостувањето во „Топ тема“. Тој кажа дека постојат обвинителства без обвинители и треба да се реагира.

-Имав предлог дел од судиите што сакаат да останат во служба да им се помести старосната граница, но тој предлог не беше прифатен во Собранието. Она што радува е дека имаме нова генерација од 50-тина луѓе во Академијата за судии ијавни обвинители и за кратко треба да бидат во обвинителските редови, а се калкулира со бројка од нови 130 академци кои ќе бидат посетители следната генерација. Со тоа една третина од постојните места ќе бидат инфузирани, рече Тупанчевски.

Тој додаде дека постои функционална анализа за овој проблем и треба да се земат предвид европските стандарди.

-Ако ги земете европските стандарди треба да се движиме во она што се вели внатрешна реорганизација. Ако има судии кои не можат да ја исполнат нормата, а има некои што не можат да постигнат од работа треба нешто да се направи, кажа Тупанчевски.