10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Тупанчевски: Имотот треба да се одземе уште за време на постапката, бидејќи потоа тешко оди конфискацијата

Конфикацијата е уредена со Кривичниот законик и чекаме завршниот текст да го добиеме во кој сите недостатоци ќе бидат надминати, нагласи министерот за правда Никола Тупанчевски во гостувањето во „Топ тема“.

-Имавме одредби што се однесуваа на конфискацијата, но не претерано успешно се справуваме со одземање на имотот на лицата што стекнуваа користи. Мојот предлог е криминалните приноси да се одземат уште во постапката, за потоа никој на никаков начин да не може да го оптовари имотот, кажа Тупанчевски.

Според министерот од конфискацијата во случајот „Трансмет“ државата не може 17 евра да земе, а не пак 17 милиони евра.

-Тешко оди конфискацијата на тој имот, бидејќи се покажува дека тој имот има оптоварувања и се комплицираат работите за неговата конфискација. Ние бевме поздравувани од ЕУ за износот за таа конфискација, вели Тупанчевски.

Спонзорирано: