Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, скратено ЈСП, кое е основано и со кое управува Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, на 12 јануари 2023 , преку Електронскиот систем за јавни набавки објавило оглас за купување 200.000 килограми мазут. Претходно, на 30 ноември мината година ЈСП набавило мазут во вредност од 105.528 евра. Во тој период, пред почетокот на грејната сезона, со мазут се снабдиле и голем број други јавни и државни установи, студентски домови, па дури и клиники во Скопје.
Дали мазутот што го набавуваат ЈСП и другите јавни установи се употребува како гориво за системот за загревање на нивните деловни и работни простории? За истата намена може да се користи и природен гас кој се смета за поеколошки. Но, за да се дознае дали ЈСП и останатите јавни претпријатија го загадуваат воздухот во Скопје употребувајќи мазут, тоа треба некој да го утврди. Во случајот на ЈСП за тоа се надлежни градските инспектори за животна средина, кои пак за својата работа одговараат токму пред градоначалничката на Скопје. Значи, излегува дека градоначалничката треба да ги испрати „своите“ инспектори да го котролираат „своето“ јавно претпријатие – ЈСП дали со користењето мазут, наместо природен гас,го загадува воздухот во Скопје.
Досега јавно не е објавено дали Град Скопје преку своите инспектори за животна средина направиле контрола на ЈСП и останатите јавни установи во Скопје кои користат мазут. Доколу градските инспектри сепак извршиле вакви контроли, зошто јавноста не е запознаена со резултатите од тие мерења? Дали градоначалничката Данела Арсовскасмета дека ЈСП и големиот број други јавни установи во Скопје што користат мазут се загадувачи и треба да бидат редовно контролирани? Дали Градот Скопје и градоначалничката Арсовска ќе поднесат кривична пријава против ЈСП и другите јавни установи за загрозување на здравјето на жителите на Скопје Доколку се испостави дека користеле мазут?
Додека јавноста ги чека одговорите на овие прашања, градоначалничката на Скопје реши јавно да обвини само еден деловен субјект (Цементарница УСЈЕ) дека го загадува воздухот во Скопје, единствено врз основа на сопствено толкување на резултатите од контролата што ја спроведе институција – Државниот инспекторат за животна средина – над која таа нема никаква надлежност.
За потсетување, Државниот инспекторат за животнасредина јавно објави дека резултатите од мерењата извршени на оџаците на цементарницата, поточно на двете печки, покажуваат дека „нема надминување награничните вредности на емисија“. Со други зборови, надлежните државни инспектори со мерења утврдиле дека производниот процес во УСЈЕ не го загадува воздухот во Скопје.
Дополнително, денеска Државниот инспекторат за животна средина и јавно потврди дека Цементарницата гиисполнила нивните задолженија и наместо мазут преминала на гас како гориво во системот за загревање на работните протории. Главната причина зошто ДИЖС му наложи на УСЈЕ да го замени мазутот со гас беше тоа што при контролата на емиисите на котелите на системот за загревање на работните простории во фабриката билоутврдено надминување на еден од параметрите што биле мерени, нешто што го прифати и самата компанија и веднаш го корегираше.