5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се крчка про-европска коалиција која ќе ја турка Македонија кон ЕУ низ преговорите се до полноправно членство

Дали е можна ваква про-европска коалиција која следните десетина години ќе ја турка Македонја на патот кон ЕУ?

Широката про-европска коалиција која ќе се спротистави на анти-западните политички сили во Македонија е можна и можеби е најдоброто решение за периодот кој следи, велат упатените.

Влезот на Алијансата на Албанците во Владата ќе ја зацврсти моќта на про-европските сили со уште осум пратеници во пресрет на евентуалното гласање за Уставни измени со кои ќе започне отворањата на поглавјата низ преговорите.

– Сите политички партии кои се за концептот за Европска Македонија односно сакаат да бидат дел од сојузот за Европа, тие врати се отворени и само тоа е патот напред за нашата држава за да обезбедиме економски просперитет, социјална сигурност и врвно владеење на демократијата, така како што го има во ЕУ, во сите земји на ЕУ и да ги исполниме очекувањата на граѓаните кои ги поставиле пред политичарите пред точно 31 година за независна македонска држава која ќе биде членка на НАТО и ЕУ, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

За влез во владата веќе отворено зборува и Алијанса на Албанците, која ја најави можноста да станат партнери во про-европската влада.

Влез на Алијанса на Албанците не им смета ниту на ДУИ, напротив, и од таму доаѓа поддршка кон зацврстување на мнозинството.

Концептот за Алијанса за Европа всушност вчера го промовираше Али Ахмети, кој е за обединување на политичките партии кои се за европска Македонија, вклучително и Алијансата на Албанците.

Доброупатени извори велат дека ваква широка про-европска коалиција ќе биде поддржана и од Европската Унија и од САД, која не е исклучено да се претопи во предизборна коалиција на изборите во 2024-та година. Ваквата коалиција би освоила голема победа и би можела да ја води земјава низ процесот на преговори се до зачленување во ЕУ.