Centar.mk
фото МВР
МАКЕДОНИЈА

АКО ПОСЛЕДНИВЕ 12 ЧАСА СЕ КАЗНУВАШЕ, 65.000 ГРАЃАНИ ЌЕ ДОБИЕЈА ГЛОБИ – Тошковски се огласи за првите резултати од активирањето на казнената политика преку камерите “Сејф сити”

Денеска од СВР Скопје го означивме стартот на пробниот период на системот „Безбеден град“ (Safe City), во првите 12 часа забележани неверојатни 65.000 прекршоци, рече Панче Тошковски од МВР.

Со овој проект започнуваме нова етапа во унапредувањето на сообраќајната безбедност – сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат електронско известување за сторениот прекршок, документиран со современи технички средства и уреди за снимање, соопшти Панче Тошковски.

фото МВР

Нашата цел е јасна: повеќе безбедност, помалку прекршоци и нулта толеранција за несовесно возење, без разлика дали се работи за урбана зона или пат надвор од населено место.

Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот беа регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2800 и за нерегистрирано возило 1000. Оваа алармантна бројка уште еднаш ја потврдува неопходноста и оправданоста на системот, од кој очекуваме значително подобрување на сообраќајната култура, зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот и намалување на штетите и жртвите на патиштата.

Со „Безбеден град“ обезбедуваме подобра дисциплина во сообраќајот, транспарентни процедури и брза електронска комуникација со граѓаните. Овој систем е инвестиција во спасени животи и побезбедни улици за сите.

Продолжуваме посветено да ги модернизираме процесите и да го унапредуваме квалитетот на работата на МВР, изјави Тошковски.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК