Centar.mk
ИЗБОРМОЗАИКТЕМА

Вреѓале, се заканувале и не сакале да ја платат сметката: Келнерката со дрвена палка претепала двајца мажи

На полициската станица Цазин, Босна и’ се обратила А.М. (34) вработен во кафуле и пријавила две лица за закани.

Како што рекол сопственикот на кафулето З.Е. (46), двајца помлади мажи конзумирале алкохол и кога дошло да ја платат сметката вербално се пресметале со келнерката А.М.(34).

Меѓутоа, по вербалното, мажите почнале физички да се пресметуваат со А.М.(34), но таа во тој момент имала „бибер спреј“ во чантата, а потоа зела дрвена палка и со неа ги удрила мажите.

Набрзо на местото пристигнала полициска патрола, но младите побегнале во непознат правец. Набрзо биле пронајдени, а против нив биле поднесени прекршочни пријави.

Поради повредите предизвикани од удар со дрвена палка, им било понудено да бидат однесени во Здравствениот дом „Цазина“, но тие одбиле.

Можеби ќе ве интересира

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 30 МАЈ: Еден знак добива важен сигнал, друг мора да внимава на одлуките

ДЕСК

ПО ГОДИНИ НЕСРЕЌИ, ДОАЃА НИВНОТО ВРЕМЕ: Јуни ќе биде месец на пресврт за два знаци

ДЕСК

Зошто некои луѓе ги касаат комарци повеќе од други?

ДЕСК