Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонија

Премиерот Ковачевски најави изградба на четири автопати

Премиерот Димитар Ковачевски информира дека во тек е реализација на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце, која чини 12,18 милиони евра. Тој на прес-конференцијата посветена на реализацијата на капитални инвестиции кажа дека досега се реализирани 79%, а фазата 2 е во завршна фаза на проектирање.

-Вкупната должина на фаза 1 и фаза 2 е 12 км. Се подготвуваат автопати за изградба Коридор 10-Д и Коридор 8 и тоа изградба на автопат Гостивар – Кичево, изградба на автопат Тетово – Гостивар, изградба на автопат Требениште – Струга-Ќафасан и изградба на автопат Прилеп – Битола. Во текот на мандатот на оваа Влада рекордно се изградени и рехабилитирани патиштата во државата. Ако за 11 години на претходната власт беа изградени и рехабилитирани 650 км патишта, сега за 5 години имаме 1300 км патна инфраструктура, рехабилитирана и изградена, во која како држава инвестиравме над 1 милијарда евра, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека што се однесува во делот на изградба и реконструкција на железничката инфраструктура е забрзан процесот на железничкото поврзување и доизградба на Коридорот 8.

-Започнуваме со изградбата на железничката пруга кон Република Бугарија, со вкупна инвестиција повеќе од 600 милиони евра, која ќе се гради во 3 фази. Ова е историска, најголема инвестиција досега. Овозможуваме алтернативна пруга за домашните компании за поевтин и побрз транспорт и поврзуваме пристаништата во Бургас и Драч, заклучи Ковачевски.