Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Неоснованите напади на УСЈЕ служат за евтини политички поени и не водат кон решенија за загадувањето на воздухот во градот Скопје

Цементанрица УСЈЕ АД Скопје, целосно ги отфрла неоснованите тврдења од страна на граѓанската иницијатива Зелен хуман град. Изнесувањето на неточни и паушални тврдења, не е во интерес на граѓаните и подобрувањето на квалитетот на живот, но служи за стекнување на политички интереси на поединци. Јавно искажаниот збор е одговорност и мора да биде базиран на факти, а не на паушални тврдења чија цел е создавање на лажна слика, на товар на УСЈЕ.
Имајќи предвид дека животната средина е во фокусот на Граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град, изненадувачки се паушалните тврдењата кои не се во корелација со законската регулатива, ниту пак со најдобрите практики во областа кои веќе со децении се применуваат во Европската унија и другите развиени земји.

Уште еднаш потенцираме дека вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3. и 4. јануари 2023 година, во присуство и на инспектори од Град Скопје, потврди дека емисиите од производниот процес во Цементарница УСЈЕ се пониски од дозволените гранични вредности. Производниот процес во Цементарница Усје се одвива во законски определените рамки и според еколошките стандарди, а производството автоматски запира доколку филтрите не работат. На сите релевантни експерти и познавачи на оваа област, овие резултати јасно им укажуваат дека работењето на УСЈЕ е согласно пропишаните параметри и нема корелација помеѓу работата на Цементарницата и квалитетот на амбиентниот воздух во градот.
Согласно А-Интегрираната дозвола УСЈЕ има обврска да известување за емисиите еднаш месечно. И покрај тоа, имајќи го предвид јавниот интерес УСЈЕ, самоиницијативно, последните неколку години, еднаш неделно ги испраќа резултатите од мерењата од средно-дневните емисии од производниот процес до медиумите. Истите ги објавуваме и на веб страница на компанијата и се на увид на било која заинтересирана страна. https://www.usje.mk/mk/odrzhlivost/zhivotna-sredina/emisii-vo-vozdukhot/%D1%81%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%B8%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D1%83%D1%85%D0%BE%D1%82/nedelni-izveshtai/

Во УСЈЕ постои независен 24-часовен мониторинг од германскиот производител SICK, кој е калибриран и контролиран од независни, овластени и акредитирани надворешни компании. Овој монтиторинг континуирано ги мери емисиите, па оттука независно од тоа дали контролата на надлежните служби е најавена или ненајавена, тоа не влијае на резултатите. Имено, експертите знаат дека производниот процес се одвива во строго определен режим и на него не може да се влијае.
Имајќи превид дека ваша декларирана цел е подигнување на квалитетот на животот, по теркот на развиените градови во Европската Унија, ве упатуваме да ја погледнете регулативата во Унијата, која користењето на алтернативните (нефосилни) горива во одредени индустрии меѓу кои и цементната, е задолжително, а не прашање на избор, во изминатите неколку децении. Резултатот од тоа е почисти градови, помалку отпад на депонии, зачувување на природните лимитирани количини на фосилни горива, како и намалени CO2 емисии.
Компанијата ќе продолжи да работи согласно највисоките стандарди на транспарентен начин.