24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Требаше да излезе од затвор во 2040-та година – Најавен вонреден надзор во затворот во Идризово по филмското бегство на затвореник

УИС ќе изврши вонреден надзор во затворот “Идризово”, по синоќешниот инцидент, кога затвореник побегна од затворското комбе со кое бил пренесуван до болница.

Ќе се утврдува како се случило затвореникот да се ослободи и да го одземе пиштолот од чуварот од затворската полиција, а потоа да го рани.

Припадниците на затворската полиција, се под надлежност на Министерстовот за правда.

Од таму преку писмено соопштение утрово објавија детали за синоќешното бегство на осуденик од комбе на затворот „Идризово“ во кое е ранет припадник на затворската полиција и најавија дека Управата за извршување санкции, која е под надлежност на Министерството, ќе ги испитува пропустите што довеле до настанот, како и дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на затвореникот.

Како што веќе објавивме синоќа во 23:20 часот, додека припадници на затворската полиција со возило во сопственост на КПУ „Идризово“ го спроведувале 36-годишниот затвореник со иницијали Б.М. од затворот во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, заради укажување на лекарска помош поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје, биле пресретнати од возило марка „ауди“ со сива боја, кое им го блокирало движењето.

Како на филмска сцена затвореникот го одзел пиштолот од затворскиот полцаец кој бил возач на комбето при што веднаш пукал кон него и го ранил во стомакот, по што возачот го стопирал возилото,а осуденикот со автомобилот ауди побегнал од местото на настанот.

Затвореникот Б.М. бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и 2 за дрога.

Казната ја издржувал од 28 декември 2020 година, а му истекува на 17 април 2040 година, соопштија надлежните.