Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

СЕ ЗАФАТИЛЕ СО ТУПАНИЦИ, А ПОЛИЦИЈАТА НАШЛА И НОЖЕВИ: Крвав инцидент во Скопје

На 03.10.2026 во 22:40 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги приведоа 39-годишник и 32-годишник, двајцата од Скопје, по претходна пријава дека пред угостителски објект, 39-годишникот, 32-годишникот и 26-годишник од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

При тоа, кај 39-годишникот и 32-годишникот биле пронајдени и одземени два ножа.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.