Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Гори Шар Планина

РЦУК – Тетово, известува дека на ден 04.10.2026 година, во 11:54 часот, од страна на ТППЕ – Тетово е пријавен пожар над Боговинско Езеро, на Шар Планина.

По добиената пријава, од страна на РЦУК – Тетово е известено ЈП „Национален парк Шар Планина“. Од Националниот парк известија дека се запознаени со пожарот и дека истиот е зафатен на пасишта на непристапен терен, на граничниот појас меѓу Република Северна Македонија и Република Косово.

Од Националниот парк дополнително информираа дека пожарот ќе се следи, но поради непристапноста на теренот нема да се интервенира. Според добиените информации, пожарот не претставува опасност за шумскиот фонд.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Според ММФ Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

ДЕСК

ДЕНЕСКА СЕ ПРАЗНУВААТ СВЕТИТЕ ВРАЧИ – Козма и Дамјан се сметаат за заштитници на болните и лекарите

ДЕСК

ДОЖД, МАГЛА И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР – Еве какво време ја очекува Македонија денеска, температурите до 18 степени

ДЕСК