11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нови детали за вечерашниот земјотрес што го потресе Радовиш

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 12.01.2023 година регистрираше земјотрес кој потекнува од епицентралното подрачје Радовиш.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 03 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.7 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот беше почувствуван од населението во Радовиш и околината.

Спонзорирано: