26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шутаров: Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска – Левица не работи за Скопје и граѓаните

Изјава за медиуми, Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје:

Одбивањето на иницијативата за одржување вонредна седница за загадувањето во Скопје, потврди дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ -Арсовска – Левица град не работи за граѓаните.

Советниците од Левица, од ВМРО-ДПМНЕ и се против мерки за намалување на загадувањето, против решенија за овој горчлив проблем за скопјани.

Очигледно на ВМРО-ДПМНЕ им се важни само теглите со мед, тендерите, провизиите и бизнис влијанијата, не ги засега што состојбата со аерозагадувањето во Скопје е сериозна, а скопјани со недели дишат токсичен воздух.

Очигледно дека со своето дејствување исто е и со советниците од Левица, кои упорно го игнорираат проблемот со загадувањето и постапуваат исто како што постапува ВМРО-ДПМНЕ.

Сета одговорност за хаосот и катастрофата што му се случува на Скопје, целата одговорност за загадениот воздух е кај ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска и Левица.

Граѓаните бараат конкретни и ефикасни мерки, а не гол популизам и политиканство за ваков сериозен проблем.

Повеќе од една година ВМРО-ДПМНЕ и Левица го заглавија главниот град, намалени се средствата за животна средина, нема никаква идеја, никакво решение кое е во интерес на градот и неговите граѓани.

Градската власт предводена од ВНРО-ДПМНЕ, а поддржана од Левица и е најнеспособната градска власт во историјата на Скопје.