11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Блок 3 на РЕК „Битола“ ставен во функција

Блок 3 на РЕК „Битола“ е ставен во функција. Вчера попладне, во 17.35 часот, блокот е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем и испорачува електрична енергија. Монтажата на новиот трансформатор на блокот заврши успешно, но стручни лица од РЕК „Битола“ и од производителот будно ја следат работата на постројката со цел повторното вклучување во системот да помине во најдобар ред, информираат од АД ЕСМ.

Од таму велат дека Блок 3 на РЕК „Битола“ повторно е вклучен во работа по 366 дена откако во ноември 2021 година неговиот трансформатор беше оштетен во пожар предизвикан од надворешен фактор.

„Новиот трансформатор на Блок 3 го изработи турската компанија ‘Астор’. Во исто време, трансформаторот, кој беше оштетен во пожарот, се наоѓа на репарација во специјализирана фабрика во Република Србија и се очекува набргу и тој да пристигне во РЕК ‘Битола’, каде што ќе се чува како резерва за евентуални слични непријатни ситуации во иднина. Со вклучувањето на Блок 3, РЕК ‘Битола’ работи со полн капацитет. Последен пат комбинатот работел со сите три блока во грејната сезона 2019/2020 година, односно од февруари до март 2020 година“, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: