Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УБАВА ВЕСТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ, ВЛАДАТА ПРЕДМАЛКУ ОДЛУЧИ: Второто полугодие ќе започне на 23 јануари

Се одржа 118-та седница на Влада: Второто полугодие ќе започне на 23 јануари, усвоен Акциски план за реализација на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација за 2022-2026 година

Владата на Република Северна Македонија денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.

На истата владина седница денеска беше разгледан и усвоен Акцискиот план за реализација и спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година. Усвоениот Акциски план содржи временска рамка и финансиски импликации за реализација на Стратегијата до 2026 година. Националната стратегија е стратешки документ во националната политика за еднаквост и недискриминација, чија главна цел е обезбедување на концепирани решенија во реализацијата на правата на сите граѓани без дискриминација по било која основа.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК