Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода крадец од прилепско, расчистени 11 кривични дела

Полициски службеници од Полициската станица Центар, по распишан централен распис од СВР Битола го лишиле од слобода Х.В(42) од с.Канатларци, прилепско, поради сомнение за сторени повеќе кривични дела.

Тој бил предаден во СВР Битола и во службен разговор со полициски службеници признал дека извршил осум кривични дела тешка кражба, две кражби и една тешка кражба во обид во куќи и продажни објекти.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

ДЕСК

Членките на Извршниот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со осуда кон изјавите на Петар Богојески

ДЕСК

АВМУ ГИ ОСУДИ СТАВОВИТЕ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ – Насилството не е традиционална вредност

ДЕСК