Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+CentarМакедонијаТОП ВЕСТИХороскоп

Маричиќ: Нефункционална и непрактичка е идејата за широка коалиција на СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот премиер Зоран Заев веќе демантираше дел од наводите во медиумите дека работи контра премиерот Ковачевски, а идејата за некаква широка коалиција на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во која би се исфрлила ДУИ е нефункционална и непрактична идеја, која не е втемелена ни на вредности, ниту изводлива во пракса“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека не препознава обид за минирање на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и кажа дека партиајта внимателно работи на градење на дух на единство и покрај различните мислења.

„Премиерот Ковачевски има целосна поддршка на целото раководство на партијата и има јасен план за одржување на мнозинството и владиниот мандат до редовните избори во 2024 година. Во меѓувреме има многу обврски поврзани и со имплементацијата на договореното со ЕУ, со реформите и со менаџирањето на кризата. Нашиот фокус е на тоа“ кажа Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека не е потребна широка влада за гласањето за уставни измени, а кажа дека премиерот Ковачевски на лидерската средба минатата година имал свои видувања за приближување до опозицијата, но сите биле отфрлени од Мицкоски.