8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Филмот за барање нова преговарачка рамка можеби звучи убаво, но не е реален

„Не е можно да се добие друга преговарачка рамка, различна од оваа што сега ја има државата. Тоа може само да ни ги суспендира преговорите на подолг рок и сите досегашни напори да ни бидат џабе“ изјави вицепремиерот за европски прашња, Бојан Маричиќ во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека не треба да се надеваме на нова преговарачка рамка, а може да влеземе во тој филм, кој убаво звучи, но не е реален.

„Прв пат во нашата историја на европски интеграции блокадата ја држат наши политички фактори. Планот на Мицкоски е да ја закочи државата уште најмалку десет години“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека условите за зачленување во ЕУ се зацртани во преговарачката рамка, усвоена од европските институции.