Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+CentarМакедонија

(ФОТО) Фејсбук постовите на Груевски ги објавуваат администратори лоцирани во Македонија

Со последните измени во делот на транспарентноста на компанијата “Мета” изминатите години е додадена и опцијата да може да се провери локацијата на лицата кои ја уредуваат фејсбук страницата која објавува постови на оваа популарна мрежа, па така доколку се отвори фан страницата на некогашниот премиер и бегалец Никола Груевски ќе може да се забележи дека неговите фејсбук постови се објавуваат од 2 личности, и двата акаунта кои работат на фан страницата се од Македонија.

Дали ова значи дека дека луѓе од неговата партија ВМРО ДПМНЕ, чиј што почесен претседател беше токму Груевски или пак агенција му ја тера кампањата на екс-премиерот, имајќи предвид дека тој зачестено последниов период и’ се обраќа на јавноста.

Добро да се знае е и тоа дека при проверка на делот за транспарентност пред една година акаунтот го уредуваше уште еден профил со локација во Унгарија, па проценките беа дека тоа лице беше токму Никола Груевски.

Кои се луѓето кои ги постираат неговите статуси? Дали знаат дека тој се наоѓа на американската црна листа од минатата година?

Груевски изминативе години беше осуден, но и осомничен во повеќе предмети на обвинителството.