Глобалните температури забележале досега невидена серија од шест последователни дена во кои дневната просечна температура била најмалку два степени Целзиусови над прединдустриското ниво, објави британски „Гардијан“.
Според објавените податоци, во понеделник температурното отстапување достигнало 2,24 степени, што претставува дополнителен сигнал за интензитетот на глобалното затоплување.
Сепак, дневните температурни рекорди не значат автоматски дека трајно е надминат долгорочниот климатски праг. За таква оценка се потребни мерења и анализи во значително подолг временски период.


