Работата на извршната власт денеска повторно ќе биде во фокусот на македонското Собрание, каде што е закажана 131. седница, посветена на пратеничките прашања.
Пратениците ќе имаат можност директно да побараат информации од премиерот, министрите и другите претставници на извршната власт за актуелни прашања, владини политики и проблеми што ги засегаат граѓаните.
Седниците од ваков карактер се дел од механизмите за парламентарен надзор и редовно се одржуваат во последниот четврток од месецот.


