7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Погребан МАСИМО САВИЌ Пејачот до вечното почивање го придружува неговото семејство, пријателите и колегите

Масимо Савиќ беше погребан денеска на градските гробишта во Задар, а погребот беше отворен за сите кои сакаа да се простат од легендарниот хрватски музичар.

На гробиштата пристигнаа бројни познати личности од политичкиот и културниот живот.

Меѓу првите пристигнаа Рада Бориќ и Марина Томашевиќ, а потоа Џибони и семејството Хуљиќ.

Урната што била ставена во гробот ја следеле уништената сопруга на Масим, Ени и ќерката Мирна.

За потсетување, панихидата за Масим Савиќ се одржа на 30 декември во Хрватскиот народен театар во Загреб, каде од пејачот се простија бројни пријатели и колеги, пренесува Кликс.

Масимо почина на 23 декември од рак на белите дробови.