Centar.mk
илустративна фотографија генерирана со вештачка интилегенција за потребите на Centar.mk
SHOWBIZ

ЗАМИНА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ МУЗИЧКИ ЛЕГЕНДИ: Почина Мишо Ковач

Хрватската музичка сцена остана без еден од своите најпознати изведувачи. На 85-годишна возраст почина Мишо Ковач, пејач чија кариера траеше повеќе децении и чии песни оставија силен белег кај генерации слушатели низ поранешна Југославија. Според хрватските медиуми, починал во својот дом во Сплит.

Ковач е роден на 16 јули 1941 година во Шибеник. Неговата музичка кариера започнала во шеесеттите години, а со текот на времето станал еден од комерцијално најуспешните пејачи во регионот. Во текот на кариерата продал повеќе од 20 милиони плочи и добил бројни признанија, меѓу кои и наградата „Порин“ за животно дело.

Веста за неговата смрт била објавена и на стадионот „Пољуд“ во Сплит, со кој пејачот имал посебна емотивна поврзаност преку љубовта кон Хајдук. Неговото музичко наследство останува дел од културната историја на Хрватска и поширокиот регион.

Можеби ќе ве интересира

Брижит Бардо ги излудуваше мажите – од хеликоптер ѝ ја посипувале куќата со рози

ДЕСК

Славен како дете, осамен како тинејџер: приказната на Меколи Калкин

ДЕСК

Откажан концертот на Аца Лукас на Јахорина; Додик: Тој го повреди српскиот народ

ДЕСК