Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во близина на Бошков мост: Има повредени

На 30.12.2022 во 17.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Маврово, во близина на Бошков мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(61) од Гостивар, и патничко моторно возило “опел инсигниа“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од О.Џ.(58) од с.Долно Косоврасти.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка А.Џ.(46), двете од второто возило. Повредите се констатирани во Јавната здравствена установа во Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК