Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Какво ќе биде времето за новогодишната ноќ и што ќе се случува со времето во првите четири дена од 2023? – Синоптичарите излегоа со прогноза

За време на новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност.

Потоа, продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури.

Во среда ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе ги намали условите за магла.

Прогноза за 02.01.2023
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Претпладне по одделни котлини и долж Повардарието со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала облачност.

Прогноза за 03.01.2023
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 04.01.2023
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието на места засилен ветер од северозападен правец, што ќе ги намали условите за магла.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК