23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бочварски: ВМРО-ДПМНЕ за 10 години изгради и рехабилитираше 650 километри патишта, СДСМ за пет години 1300 километри

„Во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени и рехабилитирани вкупно 650 километри патишта за десет години, додека оваа Влада за пет изградила и рехабилитирала 1300 километри“ изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за „Фронтлајн“.

Тој потенцираше дека само последнава година во употреба беа пуштени два експресни патни правци – Штип-Кочани и Штип-Радовиш со што целосно се смени сликата за целиот источен регионот.

Министерот Бочварски истакна дека превојот Плетвар е рехабилитиран после дваесет години, Патот кон Прилеп се гради со забрзана динамика, експерсниот пат од Ранковце кон Крива Паланка се гради по нова делница и траса, се работи и на магистрални правци како што е делницата од Куманово кон Страцин, заедно со обиколницата кај Куманово, како и делницата од Крива Палнака кон границата со Бугарија.

„Завршивме со патниот правец Маврови Анови-Жировница, а работиме на нов патен правец Извор-Гарски мост со што ќе се поврзат Дебар со Кичево. Она што е исто така важно е што работиме на рехабилитација на патиштата кон граничните премини како на пример Битола -Меџитлија и кон Албанија. За локалните патишта кои се под ингеренции на локалната самоуправа имаме издвоено 70 милиони евра. Досега имаме реализирано преку 130 локални патишта во 61 општина.“, истакна Бочварски.

Министерот најави дека наредната година ќе има уште позасилено темпо на градба и ќе се градат автопати во должина од 110 километри на Коридорот 8 и Коридорот 10, каде што спаѓаат делницата Прилеп-Битола од коридорот десет и од коридорот осум Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требеништа-Струга-Ќафасан.