22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКНАПРАВИ САМ

ЧОКОЛАДНО ЧУДО – Гарантираме: За ваков подарок долго ќе се зборува

Сигурни сме, се надеваме, веруваме дека жените во домовите често уживаат во вкусните оброци кои за нив ги подготвуваат нивните партнери.

Но, ако тоа не е обичај, бидејќи не секој има талент за готвење, сега би можеле да ги изненадите вашите најблиски, сопруга, девојка, мајка, баба, сестра, пријателка, колешка… со една вкусна торта!

Гарантираме дека за овој подарок за празниците ќе се зборува уште долго.

Многу чоколаден, многу сочен и многу вкусен е краткиот опис на оваа чоколадна торта.

Лесно се подготвува и нема потреба од украсување затоа ајде во акција!

Состојки:
– 8 јајца
– 200 гр шеќер
– 1 дл масло
– 700 гр чоколадо за готвење
– половина кесичка прашок за пециво
– 0,5 л шлаг

Подготовка:
– Белките одвојте ги од жолчките и убаво изматете ги.

– Во жолчките додадете шеќер и измешајте во изедначена смеса. Додадете масло и прашок за пециво во смесата и сè добро измешајте.

-Издробете 300 грама чоколадо на помали парчиња и стопете го во тенџере на многу тивок оган. Откако целосно ќе се раствори, додадете го во смесата и повторно сè убаво измешајте.

– Во смесата додадете ги белките и се убаво измешајте, но со рака. Добиената смеса истурете ја во калап и печете во рерна околу 40 минути на 180 степени.

– Во сад истурете го шлагот и веднаш додадете 400 грама чоколадо за готвење. Мешајте додека целосно да се растопи чоколадото.

– Добиениот крем прелијте го врз бисквитот. Над површината густо посипете какао во прав и вашата торта е готова.

Совети:
– По рецептот, колачот треба да се јаде целосно ладен, па најдобро е да го направите ден претходно и да го оставите во фрижидер преку ноќ.

– Доколку бисквитот се крене премногу високо штом го извадите од рерна, нежно туркајте го со лажица по целата ширина додека не се спушти.