Многу луѓе сакаат да заштедат одредена сума пари во текот на годината, но не можат да го сторат тоа. Затоа со овој мал трик можете да заштедите 1.500 евра (92 илјади денари ) во текот на една година, без да почувствувате товар на сериозна жртва.
Експертите секогаш истакнуваат дека принципот на штедење е многу едноставен, а се состои во трошење помалку пари отколку што добивате. И навистина звучи едноставно, но во пракса е многу тешко да се постигне, особено ако приходот не е голем.
Како да заштедите 1500 евра за една година?
Пред сè, потребна ви е каса, всушност, може да се направи и обична кутија или посебна штедна книшка.
А принципот е следен: секој понеделник ставајте сума од едно евро во вашата каса или сметка. Во вторник стави две, во среда три, во четврток четири, во петок пет, во сабота шест и во недела седум. За седум дена оставивте на страна 28 евра. На овој начин за еден месец заштедивте 112 евра.
Некои ќе речат дека немаат 28 евра неделно што можете да ги заштедите, па експертите велат дека во тој случај проверете дали можете да остварите дополнителни приходи со скратено работно време, или да ги намалите трошоците.
На пример, гответе дома и однесете ја храната на работа. Наместо да купувате кафе во кафуле, донесете го од дома во термос или варете го на работа. Размислете дали другите трошоци можат да чекаат?
Ако секој ден размислувате за вашите трошоци, брзо ќе откриете дека штедењето со овој метод е многу едноставно.
И запомнете, не ги трошете тие пари во текот на годината. Зачувајте го за после 12 месеци да имате на располагање точно 1.465 евра, а потоа да си се почестите со еден добар одмор.