28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски – Шоле: Стратешкото партнерство со САД продолжува со силна поддршка за остварување на нашите стратешки цели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, вечерва разговараше телефонски со Дерек Шоле, советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

На телефонскиот разговор учествуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска, и амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

Разговорот беше со фокус на стратешкото партнерство на Северна Македонија и САД и идната соработка и поддршка која ја имаме во насока на остварувањето на нашите стратешки цели. Се раговараше и на повеќе теми како што е справувањето на Владата со енергетската криза но и за инфраструктурните и енергетски проекти за кои Северна Македонија ќе има силна поддршка од САД.

Меѓу останатото, тема на разговорот беше и развојот на Северна Македонија во делот на борбата против корупцијата и унапредување на владеењето на правото.

На разговорот беше изразено взаемо задоволство од текот на скрининг процесот, а се разговараше и за забрзаната евроинтеграција на земјата како приоритетна стратешка цел на Северна Македонија, а со фокус на реформските процеси кои се случуваат како резултат на истата.

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК