Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Добра вест: Административците ќе добијат исплата на К-15 за 2020 и 2022 година – еве кога почнува исплатата

Владата вчера на седница донесе заклучок со кој е предвидена исплата на регресот за годишен одмор (К-15) за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9 000 денари.

Оваа одлука, оаѓа имајќи ја предвид обврската за исплата на К-15 за 2022 година до крајот на месецов, но и со цел намалување на товарот врз Буџетот за судски и адвокатски трошоци кои произлегуваат од правосилните судски пресуди, но и најавените понатамошни судски постапки за остварување на правото за неисплатен регрес за годишен одмор за 2020 година.

На предлог на Министерството за финансии, Владата донесе заклучок со којшто буџетските корисници и единките корисници опфатени со Гранскиот колективен договор ќе бидат задолжени потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9 000 денари, да ги обезбедат во рамките на одобрениот Буџет за 2022 година, со внатрешна прераспределба помеѓу расходни ставки.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Мицкоски најави намалување на цените на бензинот и дизелот

ДЕСК

Објавена е нова листа на должници со имиња на фирми и луѓе за данок кон државата

ДЕСК

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК