Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка среде Прилеп – едно лице итно пренесено во болница

На 02.12.2022 во 13.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Борка Талески“ со ул.„3 Ноември“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од Р.Д.(56) од Прилеп и мотоцикл, управуван од Р.З.(59) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Снег вее на овие патни правци – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Нема да ви се допадне прогнозата: Студено со врнежи низ целата земја!

ДЕСК

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК