Centar.mk
-МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Нема да ви се допадне прогнозата: Студено со врнежи низ целата земја!

Oблачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). На повисоките места претежно во западните делови врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од околу 1°C до 8°C, додека максималните дневни ќе достигнат од 7°C до 12°C. Најстудено ќе биде во западните и повисоките предели, каде температурите ќе останат значително пониски, додека во југоисточните делови ќе биде релативно потопло.

Во Скопје, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од околу 8°C наутро до околу 10°C во текот на денот, проследено со умерен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК