Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонија

Тешка сообраќајка меѓу полициско возило и голф, има повредени полицајци

На 30.11.2022 во СВР Скопје било пријавено дека во 15.45 часот на бул.„Крсте Мисирков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(36) од Скопје и патничко возило „шкода“, сопственост на МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од возилото „шкода“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.