20.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Полицијата му затропа на врата на велешанка откако напишала фејсбук статус со кој повикува на омраза

СВР Велес поднесе кривична пријава против С.П.(35) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Пријавената, објавила статус на нејзиниот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ со кој повикувала и ширела омраза.