22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Падна одлука: Ново значително намалување на цените горивата, дизелот најевтин во последните 6 месеци – Ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 % во однос на одлуката од 28.11.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната
пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,230%, кај дизелот за 2,811%, кај екстра
лесното за 1,639% и кај мазутот зголемувањето е за 4,350%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,614%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното
масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 2.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС 41,810 (денари/килограм)