Centar.mk
БИЗНИС

Цената на нафтата расте по говорот на Трамп за Иран

Цената на нафтата од типот „Брент“ продолжува да достигнува нов максимум за време на денешната трговија, а фјучерсите моментално се движат кон 107 долари за барел, што е раст од повеќе од 5 проценти, два часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го заврши својот говор за војната што САД и Израел ја водат против Иран и најави посилни напади во следните две до три недели.

Фјучерсите паднаа вчера поради надежта дека војната би можела наскоро да заврши, објавува „CBS News“.

Во своето денешно обраќање до нацијата, Трамп рече дека ќе ја заврши својата воена мисија во Иран „многу брзо“, дека досега се постигнати „убедливи победи“, но дека Соединетите Американски Држави ќе го погодат Иран „исклучително силно“ во следните две до три недели.

Во говорот од Белата куќа, тој рече дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и ќе ги таргетираат нафтените постројки ако не се постигне договор со иранските лидери, објавува Танјуг./Извор:Мakfax

Можеби ќе ве интересира

Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

ДЕСК

Светските цени на храната паднаа по четири години, најголемо поевтинување кај житарките

ДЕСК

ПОСЛЕДНАТА ПРОДАВНИЦА ВО СЕЛОТО СЕ ЗАТВОРА – Што значи кога едно место полека престанува да живее?

ДЕСК