Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

На кои домашни и странски политичари Мицкоски им велел дајте ми власт и ќе го сменам Уставот? – прашаа од СДСМ

Соопштение на СДСМ:

На лицемерието на Христијан Мицкоски му нема крај. Како докажан антиЕУ политичар јавно декларира дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, па дури и мафташе со некакви изјави заверени од нотар дека пратениците од опозицијата се обврзале дека нема да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот.

Но Мицкоски едно прави во јавноста, а сосема друго зад затворени врати.

Мицкоски да одговори дали на странските политичари кои доаѓаат во државата, вклучитечлно и на домашните политичари, на состаноците што ги има со нив им вели: “Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот“?

Јавноста заслужува да ја знае вистината, на кои домашни и странски политичари Мицкоски и велел дека ќе го сменел Уставот доколку му дале власт?

Мицкоски се бори за власт и само за власт, нему не му се важни ни граѓаните, ни државата.

Расте кај Мицкоски стравот и нервозата, бидејќи како одминува времето Апасиев му ги зема гласовите, затоа тој станува се поекстремен, само за да не заостане зад Левица.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +